Испечати

Оброк салата со пченка и копар (посно)

Оброк салата со пченка и копар (посно)

Состојки

  • 2-3 варени компира
  • листови зелена салата
  • 5-6 кисели краставички
  • 1 мала конзерва пченка
  • 1 рака сечкан свеж копар
  • сол и бибер по вкус
  • маслиново масло или масло од семки од грозје
  • сок од 1/2 лимон или по вкус
  • 1 лажичка сенф

Подготовка

Петровденските пости се во тек... Предлог посен оброк или салата, по ваша желба...

Подготовка
1. Варените компири ги сечкаме на парче-залче.
2. Краставичките ги сечкаме на кругови или полукругови.
3. Измиената марула ја сечкаме на тенки ленти.
4. Ја додаваме процедената пченка и сечканиот свеж копар. Зачинуваме и посолуваме.
5. Сокот од лимон го соединуваме со маслото и 1 лажичка сенф, па со дресингов ја залеваме салатата.

Дресингот си го подготвувате по ваш вкус, дали сакате покисел оброк или помрсен, па додавајте или одземајте,...