Ролнички од тиквички со кремаст фил од сирење и чаден крашки врат
Состојки
- 1 средна тиквичка
- полнење
- 1 лажица кисела павлака
- 1 лажица павлака за готвење
- 50гр кашкавал
- 50гр биено сирење
- 50гр бело сирење
- свежо мелен бибер
- По желба лукче, магдонос, власец...
- Парчиња танко сечен крашки врат
- 1 поголем црвен домат, масло , сол, бибер, оригано...
Подготовка
Прво тиквичката ја сечиме со помош на алатка на мнооогу танки ленти по должина.
Секоја лента на грил тава ја запржуваме.
Ги редиме на хартиени салфети, па го подготвуваме филот.
Во сад ги соединуваме киселата павлака, павлаката за готвење, изренданите три вида сирења, бибер.
Соединуваме.
Црвениот домат го лупиме, зачинуваме по вкус и го ставме на оган кратко да крчка да излези течноста.
Така подготвен го ставаме во огноотпорен сад.
Сега земаме трака тиквичка, ставаме од филот со сирења, па парче крашки врат и заролуваме.
Вака подготвени лентите тиквичка ги ставаме во садот врз сосот од домат.
Запекуваме во рерна 10 минути, колку сирењата да се растопат и да се спојат вкусовите.
Послужуваме топло.