Испечати

Пикантен колач со сирење, пиперки и лук

Пикантен колач со сирење, пиперки и лук

Состојки

  • 1 јајце
  • 120 мл млеко
  • 80 гр сирење
  • 1 пиперка
  • 2 чешниња ситно сецкан лук
  • 2 лажици брашно
  • 5 лажици палента
  • 1 пециво
  • 1/2 кафена лажица буковка сол

Подготовка

Подготовка

-Во длабок сад изматете го јајцето, додадете го млекото и издробеното сирење, сецканата лута пиперка, сецканото лукче и буковка сол. Промешајте убаво.

-Во друг сад, измешајте ги брашното, пецивото и палентата, па додадете ги во смесата. Промешајте убаво со лажица.

- Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење. Печите на 200 степени околу 10 минути.

Добар апетит