Рендана зеленчукова салата
Состојки
- 1 свежа краставица
- 3-4 ротквици
- 1 гранче, мало брокула
- 4-5 лажици кисела павлака
- сол, бибер
- орев
- по желба лук и копар
Подготовка
Прво измиените ротквици ги рендаме на крупната страна на рендето.
Исто ја рендамне и краставицата.
Брокулата кратко ја бланшираме, па ја сецкаме на мали парченца.
во сад ги соединуваме краставицата, ротквиците, брокулата, киселата павлка, сол, бибер.
промешуваме и посипуваме со сецкан орев.
сервираме
Пожелно е да се користи кисела павлака со висок процент на масленост.
По желба може да се додаде лук, копар, власец....