Погача со кисело млеко и ванила
Состојки
- 500гр Кисело млеко
- 3 лажички Сол
- 3 Јајца
- 200 мл. Зејтин
- 200 мл. Кисела вода
- 1 грст Шеќер
- 1 Квасец
- 1 Прашок од ванила
- 1,5 кг брашно (по потреба се додава)
Подготовка
Сите состојки се ставаат во сад.
Брашното ќе го додавате постепено.Откако ќе се замеси се остава 1 час и половина да стаса.
Потоа се прават кифлички и се редат една до друга во тепсија 38бр.
Кога ќе стасаат во тепсијата, се премачкува со жолчка, се става сусам и афион и на крај маргарин на секоја кифличка.
Се пече на 220°С 20мин. и се намалува на 180°С 40мин.