Испечати

Интегрален леб

Интегрален леб

Состојки

  • 650 гр. Интегрално брашно
  • 650 гр. Црно брашно ТИП-1100
  • 1 лажичка Сол
  • 1 лажичка Шеќер
  • 1 супена лажица Маслиново масло
  • 1 супена лажица Црно мелено семе
  • 600 мл. Вода
  • 1/2 Квасец

Подготовка

1. Двете комбинации на брашно убаво се промешуваат, со сувите состојки.
2. На средината правиме вдлабнатина, го ставаме квасецот и млаката вода.
3. Се меси убаво тестото и се остава 30-40 мин. да стаса.
4. Откако ќе стаса се прави форма по желба и се остава повторно 20 мин. да стаса.
5. Се пече 10 мин. на 220°С, потоа се намалува на 180°С 30мин.