Прелив од лук и маслиново масло
Состојки
- 7,8 чешниња лук
- 1 рака свеж магдонос
- сок од еден лимон
- маслиново масло, околу 100мл
- сол и бибер по вкус
- 30мл бело вино, не е задолжително
Подготовка
За љубителите на лук.
Прво го цедиме лимонот.
Ги чистиме чешнињата лук и магдоносот.
Во тесен и висок сад ги ставаме сите состојки, односно во неколку наврати со стапчест миксер ги соединуваме магдоносот, лимонот, лукот, маслиновото масло и зачините.
Сервираме во мал сад со поклопец.
Оставаме во фрижидер 30 минути за да се спојат вкусовите.
сервираме како прелив врз печена риба на жар, салати, печено месо....