Булгур салата
Состојки
- 200 гр булгур
- 2 чаши по 200мл жешка вода
- 1 средна главица кромид
- 1чешне лук
- 4 лажици доматно пире
- 1 сок од еден лимон
- 1 краставица
- 2 младо кромитче
- 2 домати
- 1/2 китка магдонос
- 1/2 лажиче мелен ким
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка
Оваа салата може да ви послужи и како оброк, навистина е убава.
Булгурот измијте го и попарете го со жешката вода.Оставете го нека отстои.
Кога ќе ја впие убаво водата и излади, одиме со подготовка на истиот.
Во тава на оган ставаме масло па го додаваме кромитчето, лукчето и пржиме додека не ја добие стаклената боја.
Додаваме сок од лимон и доматното пире.
Пржиме на тивко.
Со дрвена лажица го префрламе булгурот и мешаме. Зачинуваме.
Динстаме така на тивко околу 4 минутки.
Тргаме на страна и оставаме да излади.
Кога е убаво ладно во самата смеса ги додаваме ситно сецканите зеленчуци.
Благо промешуваме.Зачинете со нане ако го обожавате вкусот. Нека ви е на здравје.