Богата брза пита со сусам и ким
Состојки
- 4 јајца
- 25 лажици брашно
- 2 пецива
- 2 чаши јогурт
- 1 чаша масло
- 150 гр биено сирење
- 150 гр салама
- 1 лажичка оригано
Подготовка
Брза и вкусна пита...За да се нахрани едно семејство како нашето потребни ни се вакви брзи рецепти кои не одземаат многу време за подготовка, а се одлична заситна храна за појадок или вечера.
Подготовка
1. Сирењето го рендаме, а саламата ја сечкаме на ситни коцки.
2. Ги матиме јајцата со миксер, па ги додаваме сите останати состојки.
3. Смесата ја распоредуваме во тава.
4. Посипуваме со ким и сусам.
5. Печеме во загреана рерна околу 25 минути.
Забелешка
Чашата е од 250 мл.
Времето на печење зависи од рерната и дали е вклучен вентилатор.