Испечати

Чиа десерт

Чиа десерт

Состојки

  • 200мл јогурт
  • 4 супени лажици чиа семе
  • 1 лажичка мед
  • за црвен дел
  • 200гр замрзнато мешано црвено овошје
  • 2 листа чувар куќа
  • 100мл вода

Подготовка

Јогуртот, чиа семето и медот ги промешуваме и оставаме во фрижидер да стојат 1 час.
По еден час ја делиме смесата на два дела во едниот дел ставаме сина боја за колачи, а другиот дел оставаме да биде бел.(по желба не мора и боја може и само бел )
Оваа смеса јас ја правам за двајца ја делам во две чаши ставам прво од белата смеса со чиа, па од сината.
Во блендер го ставаме замрзнато овошјето, чувар кука и вода и блендираме да биде како сладолед.
Врз синиот дел ставаме од блендираното овошје и декорираме по желба.
На здравје !!!