Испечати

Мини мафини

Мини мафини

Состојки

  • 1 ЈАЈЦЕ
  • 1лажиче сол
  • 1/2лажиче свежо мелен бибер
  • 2лажици маслиново масло
  • 90мл млеко
  • 120гр брашно
  • 1 сецкан морков
  • 5 парчиња, сецкана печеница
  • 1/2лажиче пециво
  • маслинки за декорација...или сусам, ким,

Подготовка

Во вангличка го ставаме јајцето, солта, биберот.
Матиме со миксер до побелување на смесата.
со исклучен миксер додаваме масло, млеко, пециво, брашно, сецкан морков, сецкана печеница.
Убаво со лажица ја соединуваме смесата.
Ставаме од неа во намастени и по малку набрашнети мини калапи за мафини.
По желба дел ги декорираме со парче црна маслинка.
Печиме во загреана релна на 180 с , околу 25 минути.
Внимателно ги вадиме од калапот, па сервираме