Чиа пудинг со овошје
Состојки
- 1 лажичка чиа семе од Натура
- 1 лажичка мед
- 100 мл. млеко по избор (оризово, соино, кравјо)
- 1 киви
- 1 кришка свеж ананас
- 5 бадеми
Подготовка
Во чаша го ставаме млекото, медот и чиа семето, мешаме со лажичка и оставаме околу 1 час да набабри.
Ќе се добие густ чиа пудинг, па ја додаваме исечканата кива, исечканиот свеж ананас и бадемите.
Уживаме во вкусниот и здрав појадок.