Ќофтенца со пире
Состојки
- 600 гр мелено месо
- 1 рендан кромид
- 1 јајце
- 100 гр презла
- малку вода
- зачини сол,сув зачин,бибер ,црвена пипер се по 1 лајче
- Доматен сос
- 4 смрзнати домати (може и со свежи)
- 1 кромид
- 1 пиперка
- зачини сол,бибер,сув зачин,магданос
Подготовка
Од наведените состојки се замесува меленото месо.Се остава да одмори 1 саат. Се прават топчиња колку орев .Се пржат околу 15мин. Потоа се ставаат во сосот од домати
Сос-Се зема кромидот и пиперката се пржат.Се додаваат 4 домати .Сето се пржи околу 10мин.Се блендира и се враќа сосот на оган да се вари.Се додаваат зачините.Потоа се додаваат и ќофтињата и се варат заедно 10мин.Се служи со пире.