Брзи домашни грицки
Состојки
- 500 гр брашно
- 1 сув квасец
- 200 мл вода
- 100 мл масло
- 1 лажичка сол
- по желба ким, сусам, афион, црвена пипер .....
Подготовка
Се замесува малку тврдо тесто, но не многу.
Од зачините се додава по желба. Ставив 1 пакетче ким, една рака сусам, едно лажиче афион и сол.
Се меси убаво и се прават долги ваљаци. Со ножички се сечат мали парчиња.
Се реди во тепсија обложена со хартија се поросува пак со сол и се печи на 200С-10мин со.повремено мешање. Вкусни, брзи и лесни.