Испечати

Чоколаден десерт со вишни и ликер

Чоколаден десерт со вишни и ликер

Состојки

  • 1 чоколаден пудинг
  • 400 мл млеко
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 100 гр шлаг
  • 70 гр вишни
  • 50 мл ликер од вишни
  • 100 гр бисквити
  • 4 лажици шеќер

Подготовка

Во 400 мл млеко сварете пудинг. Во варенопт пудинг ставете чоколадо за готвење и оставете да истине.
Шлагот изматете го додајте го кај пудингот.
Бисквитите издробете ги и ги додајте во пудингот. Вишните и ликерот исто додајте ги во пудингот. Се промешајте. Десертот послужете го во чаши. Украсете со парче бисквити, парче чоколадо, и вишна. Прелијте со чоколаден прелив.
Добар апетит!