Испечати

Салата од орзо тестенина и ќофтенца на медитерански начин

Салата од орзо тестенина и ќофтенца на медитерански начин

Состојки

  • 1 чаша орзо тестенина, од 250мл
  • вода и сол за варење
  • 1 средна краставица
  • 1 среден домат
  • 7-8 маслинки каламата
  • 1 лажиче сенф
  • 1 лажиче оригано
  • 1/4 лажиче босилек
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 2-3 лажици кисела павлака
  • 2-3 лажици чили мајонез
  • 1 лута пиперка, магдонос
  • за ќофтенцата
  • 200гр мелено месо
  • 1 главичка кромид
  • 1 парченце двопек
  • 1 мало јајце
  • сол, бибер, оригано, масло
  • маслиново масло, сок од лимон

Подготовка

Во касерола налеваме вода и додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме орзо тестенината да се вари според упатството.
За тоа време во една вангличка ги соединуваме излупената и ситно сецкана краставица, сецкана лута пиперка, сецкани каламата маслинки, сецкан домат, но без семките.
Додаваме зачини, мајонез, кисела павлака, магдонос и соединуваме.
Тука ја додаваме исцедената и изладена орзо тестенина
Додаваме маслиново масло, сок од лимон.
Убаво соединуваме.
Добиената смеса ја поставуваме на тајнир.
Во меѓувреме од соединетите состојки формираме малечки ќофтенца.
Пожелно е да се подготви смесата 1 час порано, за да може состојките убаво да се соединат
Ги пржиме на умерен оган од двете страни.
Ги редиме врз подготвената салата и послужуваме.