Нирвана - десерт во чаша
Состојки
- 1 пакетче прашок за пудинг од ванила
- 0,5 литри вода
- 1 конзерва кондензирано млеко
- 1 шолја шлаг или изматена слатка павлака
- по потреба орео колачиња
- 1-2 банани
Подготовка
Десертчево е вистинска нирвана, баш врвно уживање.
Измешајте го кондензираното млеко со водата и во него растворете го прашокот за пудинг.
Варете го до згуснување со постојано мешање (околу 5 минути).
Покријте го со стреч фолија и оставете го да олади.
Оладениот крем измешајте го со шлагот.
Полнете 1/3 од чашите, претходно исплакнати, па ставете дробени орео колачиња и парчиња банана. Потоа наполнете уште толку и повторете ја постапката.
Најгоре ставете шлаг и украсете со колачињата и бананите.
Оставете во фрижидер пред да послужите.