Мафини со брашно од хељда
Состојки
- 4 јајца
- 8 полни лажици брашно од хељда
- 1 кафена лажичка сол
- 1 кесичка прашак за пециво
- 4 лажици маслиново масло
- 50мл кисела вода
- 100 гр семки од тиква
Подготовка
Многу убави мафини, кои имаат специфичен вкус заради брашното од хељда, но доста се здрави.
Најпрво во сад за готвење ги матиме со миксер јајцата и потоа постепено ги додаваме сите други состојки. Откако ќе добиеме убава хомогена смеса ги ставаме во намрсени претходно калапи со путер. Ги полниме калапите , и од горе ставаме семки од тиква.
Совршени се во комбинација со јогурт или сирење за појадок.