Домашен банана пудинг
Состојки
- Пудинг
- 3 жолчки
- 3 лажици нишесте
- 5 лажици шеќер
- 1/2 л млеко
- 4 пакетчиња ванилин шеќер
- 3 банани
- 12-13 пишкоти
- 50 гр путер
Подготовка
Во мал дел од млекото разматете ги жолчките и нишестето.
Останатото млеко ставете го заедно со шеќерот и ванилата да зоврие. Турете го во него млекото со жолчките и нишестето и варете го се додека не се добие пудинг. Ставете го путерот и убаво измешајте.
Оставете го да се олади, мешајќи повремено за да не фати коричка.
Во чаша најдолу издробете од пишкотите, ставете од кремот, исечкани банани и пак повторете ја постапката. Наполнете 4 чаши.
Одозгора украсете ги со шлаг и банана.