Солени мафини со биено сирење и чадена шунка
Состојки
- 6 јајца
- 150 гр урда
- 150 гр рендано биено сирење
- 250 гр чадена шунка
- 600 мл јогурт
- 480 гр брашно
- 180 мл масло
- 1 и 1/2 пециво
Подготовка
Ова е рецепт за една поголема доза на вкусни јогурт мафини...
Подготовка
1. Ги матиме јајцата со урдата да ни се соединат.
2. Ги додаваме ситно насечканата шунка и ренданото биено сирење.
3. Ги додаваме останатите состојки и соединуваме со миксер.
4. Ги премачкуваме калапите за мафини со путер и ги набрашнуваме.
5. Ја распоредуваме смесата за мафини во калапите.
6. Ги наросуваме со сусам.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени.
На здравје!