Испечати

Карамел крем со пудинг

Карамел крем со пудинг

Состојки

  • 1 пудинг со вкус на карамел
  • 2 лажици шеќер
  • 400 мл млеко
  • 100 гр путер
  • 4 лажици солен карамел
  • 2 лажици полни засладено кондензирано млеко

Подготовка

Карамелна вкусотија во чаша...

Подготовка
Дел од млекото ставаме заедно со шеќерот да ни се загрее до вриење. Го раствораме прашокот за пудинг со остатокот од млекото. Мешаме и кога ќе се згусне ги додаваме останатите состојки. Го распоредуваме во чаши.
Декорираме со солен карамел и чоколадни лушпи.

Забелешка
Рецепт за солен карамел претходно ми е објавен овде на Мои рецепти.