Испечати

Мини проички

Мини проички

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 пециво
  • 2 филџан(250гр) обично брашно
  • 2 филџана пченкарно брашно
  • 1 филџан јогурт
  • 1/2 масло
  • 1 филџан кисела вода
  • 300гр. сирење
  • сусам

Подготовка

Брза и едноставна постапка се матат јајцата, па постепено се додаваат сите состојки од рецептот.
Јас овој пат ставив само сирење може да се додаде кисели краставици од тегла и маслинки може да се додадат ситно сецкана шунка, спанаќ.... Во подмачканите калапи наросени со сусам( или тава) ставете од смесата и печете додека нараснат и заруменат.
Се печат на 220 степени околу дваесетна мин. Од оваа смеса, мене ми излегоа околу 40 мини проички.