Брза пита со овесни трици
Состојки
- Состојки
- 3 јајца
- 1 лажичка сол
- 250 мл јогурт
- 70 гр рндано сирење
- 1 шака сечен свеж спанаќ
- 4 лажици овесни трици од Натура
- 2 лажици пченично брашно
- 4 лажици мелена мешавина од сончоглед, семе од тиква и сусам
- 1 пециво
- 2 лажици маслинов зејтин
- За поросување овесни снегулки и лен
Подготовка
Едноставна и брза пита во поздрава варијанта, а сепак одлична на вкус.
Се матат јајцата со солта кратко. Се додава зејтинот, јогуртот, ренданото сирење, сечениот свеж спанаќ. Се мати кратко. Во една чинија ги мешаме триците, брашното, мешавината од мелените семиња и пецивото. Додаваме лажица по лажица во течната смеса. Смесата ја сипуваме во плех подмачкан со зејтин. Одозгора наросуваме овесни снегулки и лен. Питата ја печев во плех бр.24 на температура од 180 степени 25 минути.