Мисиркини филети во готварска павлака
Состојки
- 4 парчиња (500 гр) мисиркини филети
- 200 мл неутрална павлака
- 1,5 чаша вода
- зачини - сол, пимент, оригано, куркума, црн бибер со лук во прав
Подготовка
Испржете ги филетите кратко од двете страни колку да заруменат.
Додадете една чаша вода и оставете да изврие на средна температура.
Пред да испари целосно посолете.
Кога ќе испари водата додадете уште половина чаша вода и готварската, неутрална павлака и зачинете.
Откако ќе ја добиете посакуваната густина на сосот регулирајте со сол и зачини повторно, тргнете од рингла и сервирајте топло.