Испечати

Снежни пудинг коцки (без печење)

Снежни пудинг коцки (без печење)

Состојки

  • 3 х 300 мл млеко
  • 3 х 200 мл вода
  • 3 х 5 лажици шеќер
  • 3 х 2 лажици гриз
  • 1 пакетче прашок за пудинг од ванила
  • 1 пакетче прашок за пудинг од чоколадо
  • 1 пакетче прашок за пудинг од јаготка, малина или шумско овошје
  • 50 гр кокос

Подготовка

Ставете 300 мл млеко и 4 лажици шеќер да се загрее до вриење.
Во меѓувреме во 200 мл вода додадете го пудингот од ванила, 1 лажица шеќер и 2 лажици гриз и убаво измешајте, па истурете го во врелото млеко и мешајте додека се згусти во крем.

Калап 20х20 исплакнете со ладна вода и истурете го сварениот крем рамномерно во него.

Спремете го и следниот слој по иста постапка како првиот, само со пудинг со вкус на чоколадо.

Додека го спремате чоколадниот дел, ванилиниот стоејќи веќе се лади и зафаќа кора, така што лесно е врз него да се нанеси жешкиот чоколаден слој.

Постапката повторете ја уште еднаш со пудингот со вкус на црвено овошје. Во мојот случај користен е пудинг од јаготки.

Откако ќе ќе оладат кремовите, калапот ставете го во фрижидер неколку часа или преку ноќ.

Утрото превртете го на штица за сечкање или рамна чинија и со остар нож потопен во ладна вода при секој засек исечете го на коцки.
Секоја коцка извајкајте ја од сите страни во кокос.

*Во ванила делот додадов плус ванилин шеќер, а во делот со јаготки сакав да појачам со малку екстракт од јаготка, но како не можев да се снајдам за брзо да го најдам при рака ставив малку црвена боја.