Брза бисквит торта (без печење)
Состојки
- 30 бисквити
- 500 мл шлаг крем засладен
- 10 ресани
- 1 свежа банана
- 50 гр кокос
- 50 гр мелени лешници
- 70 мл млеко за потопување на бисквитите
Подготовка
Брзо и лесно се подготвува. Вкусот е одличен.
Подготовка
Изматете го шлаг кремот. Додадете го кокосот и промешајте
-Бисквитите потопувајте ги една по една во млеко и редете ги. Еден ред бисквити потоа премачкајте со шлагот. Врз шлагот ставете сецкани ресани и рендана свежа банана.
-Одозгора наредете пак потопени бисквити и ставете врз нив од шлагот. Додадете мелени лешници. Затворете ја одозгора пак со потопени бисквити.
- Тортата премачкајте ја со преостанатиот шлаг и декорирајте по желба
-Ставете во замрзнувач да стегни, па потоа послужете.
На здравје!