Испечати

Сендвич сладолед

Сендвич сладолед

Состојки

  • 2 мали обланди
  • 500 мл слатка павлака
  • 4 чаши јогурт(180)
  • 4 чаши шеќер
  • 2 ванили
  • чоколадни трошки

Подготовка

1. Во длабок сад се става слатката павлака и се мати со миксер.
2. Во друг сад се мешаат заедно јогуртот и шеќерот.
3. Заедно се миксираат и слатката павлака и јогуртот со шеќерот. Во смесата се става ванила и чоколадни капки или трошки. Може да се стави банани или некое друго овошје.
4. Во долг палстичен сад се става прво едната обланда, врз неа се става целиот сладолед и се поклопува со друга обланда. Се става во ладилник да се смрзни. После 3 часа се сечи и се дегустира.
На здравје!!!