Испечати

Бомбици со слатко од капини

Бомбици со слатко од капини

Состојки

  • 2 квалитетни чоколада за готвење
  • 100 гр путер
  • 5 лажици вода
  • 5 лажици слатко од капини
  • 250 гр мелени бисквити
  • 50 гр кокос

Подготовка

Подготовка

Чоколадата, путерот и водата растопете ги на тивок оган. Кога ќе добиете еднолична смеса, тргнете од оган и додадете ги слаткото од капини и мелените бисквити. Промешајте убаво.
Оставете ја смесата да олади а потоа формирајте бомбици и валкајте ги во кокос.

На здравје!