Брз сок од портокал
Состојки
- 4 портокали
- 6-7 литри вода
- 3 пакетчиња лимонтус
- 1кг шеќер
Подготовка
Времето се затоплува и убаво е да се освежиме со овошни пијалоци. Еве една идеја за убав сок.
Годинава максимално ги искористив портокалите. Направив разни видови на сок. Еве ја и оваа варијанта.
Портокалите измијте ги убаво со вода па попарете ги во врела вода и оставете ги да постојат.
Потоа извадете ги од водата па ставете ги во замрзнувач.
Нека постојат еден час.
Извадете ги и сомелете ги. Ги мелеме со се кората,комплет.
Добиената смеса помешајте ја со шеќерот и лимонтозите па додајте ја водата.
Промешајте да се соедини.
Прецедете и полнете ги стаклените шишиња.
Јас веднаш го ладам сокот зашто така најмногу го сакаат моите дома.
На здравје со домашното сокче од портокали.