Ќофтиња од месо и од зеленчук
Состојки
- 250гр свинско мелено месо
- 250гр телешко мелено месо
- 2 јајца
- 1 помала рендана тиквичка
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 2 чешнина лук
- 100гр овесни снегулки Натура
Подготовка
Прекрасен ручек кој можете да го комбинирате со пире или печен компир.
Најпрво, измелете ги Натура овесните снегулки да дојдат како брашно.
Изрендајте го морковот и тиквичката (било на ситниот или на крупниот дел, по ваш избор)
На ситни парчиња исечете го кромидот и лукот.
Измешајте се заедно, зачинете, додајте ги и јајцата и и со намрсени раце формирајте помали топчиња.
На плех ставете хартија за печење, ставете ги топчињата и печете на загреана рерна на 180 степени околу 30 мин.
на здравје