Испечати

Метропол салата

Метропол салата

Состојки

  • 4-5 компири
  • 3 моркови
  • 4 јајца
  • 1/2 праз
  • 150 гр салама
  • 180 гр кисела павлака
  • 150 гр мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • 1/2 лажичка сол

Подготовка

Метропол салатата е вкусна, брза и нема да згрешите ако ја направите.
1. Компирот, морковот и јајцата се варат посебно. Кога ќе оладат се сечкаат на ситно. Се додава потоа исечканиот праз на тркалца и сите други преостанати состојки.
Се меша убаво и ТОЛКУ!
Едноставна, брза и вкусна.
Ако остане за другиот ден има уште поубав вкус.