Испечати

Пита со готови кори и сирење

Пита со готови кори и сирење

Состојки

  • 500гр. готови кори
  • 300гр. сирење
  • 4 јајца
  • 1 филџан зејтин(200мл.)
  • 2 филџана јогурт
  • 1/2 филџан мешано брашно(пола пченкарно пола пченично)
  • 1 пециво
  • 1/2лажичка сол
  • сусам

Подготовка

Подготовка
Јајцата ги матиме со миксер во нив ги мешаме останатите состојки.
Со оваа смеса ги мачкаме сите кори поединечно на секоја кора дробиме сирење и мотаме ролати кои ги редиме во тава за печење.
Откако ги подготвивме корите со остатокот од течниот фил ја премачкуваме питата соросуваме сусам и печеме на загреана(200степени) рерна околу половина час. Питата откако ќе добие убава боја ја вадиме од рерна и ја покриваме.
На здрвавје!!!