Лимонада со свежа мајчина душичка и свежо нане
Состојки
- 1 портокал
- 1 лимон
- 1л флаширана вода
- 20 ливчиња нане
- 1 грст мајчина душичка
- неколку зрна аронија
- коцки мраз по желба
- мед, шеќер по желба
Подготовка
Предлог за нешто многу освежително и вкусно, ароматично....
Во чашата на нутрибулет ги ставаме излупениот лимон и излупениот портокал.
Додаваме ливчиња нане и гранчиња мајчина душичка.
Соединуваме убаво , да се изедначат состојките.
Течноста ја налеваме во бокал, каде додаваме флаширана вода, коцки, мраз, парчиња лимон, зрна аронија.
Оставаме во фрижидер 15 минути, па консумираме.