Испечати

Бомбици со чоколадо и таан од портокал

Бомбици со  чоколадо и таан од портокал

Состојки

  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр маргарин
  • 200 гр таан со вкус на портокал
  • 200 гр мелени бисквити петит Винчини

Подготовка

Едноставни и брзи бомбици кои немаат потреба од додавање на шеќер, бидејќи овој таан содржи сопствена блажина.

На тивок оган се топи чоколадото со маргаринот. Откако ќе се стопи се додава таанот на исклучена рингла да се спои, па се трга од рингла и у се додаваат мелените бисквити.
Се прават мали топчиња кои се валкаат во мелени бисквити или кокос.

Бомбиците е повкусни откако ќе изминат барем 24 часа.
А од оваа доза излегуваат околу 30на бомбици.