Бомбици со бело чоколадо, брусница, ореви
Состојки
- 500 мл шлаг крем засладен
- 90 гр бело млечно чоколадо
- 50 гр брусница
- 150 гр ореви
- 1 свежа банана
- 200 гр бисквити
Подготовка
Подготовка
Изматете го шлаг кремот. Додадете рендано бело чоколадо, брусница, мелени ореви, рендана свежа банана и мелени бисквити. Промешајте убаво и формирајте бомбици. Валкајте ги во мелени бисквити, мелени ореви, кокос или нешто друго по ваша желба.
На здравје