Каша со ќофтиња

Состојки
- За ќофтиња
 - 0,5 кг мелено месо
 - 1 главица кромид
 - 1 крешник сув леб
 - 1 јајце
 - 1 лажица машан сув зачин и по вкус пимент, чубрика, оригано, мајчина душица,
 - За каша
 - 3 лажици брашно
 - 4-5 чаши вода
 - 1 младо лукче
 - малку магдонос
 - оригано, црн бибер, мешан сув зачин
 
Подготовка
Кромидот сито исечкајте го или изрендајте го.
 Лебот натопете го со вода и исцедете, па издробете го во садот заедно со месото, кромидот и зачините. Додајте го јајцето и измесете ја убаво смесата. Покријте и оставете ја барем половона час во фрижидер или на ладно.
Со лажиче за сладолед или лажица земајте од смесата и прaвете топчиња малку поголеми од орев.
Во длабока тава ставете 1 мал филџан масло и испржете ги ќофтињата убаво од сите страни, па тргнете ги на страна.
Во истата мрснотија кратко запржете го ситно сечканото лукче и веднаш додадете го брашното.
 Пржете го додека ожолти, па додадете ја водата и убаво измешајте.
 Додадете ги и зачините и ситно сечканиот магдонос и на крај ќофтињата.
 Мешајте додека не добиете посакуваната густина на кашата, па тргнете ја тавата од рингла.
Служете топло.