Колач со мед, ореви и какао
Состојки
- 200 гр брашно
- 5 лажици шеќер
- 4 лажици мед
- 5 лажици мелени или ситно сецкани ореви
- 220 мл млеко
- 1 кафена лажица сода
- 4 лажици какао
Подготовка
Одличен брз колач.
Подготовка
Во длабок сад, измешајте ги сувите состојки, па додадете ги преостанатите состојки и убаво изматете со миксер (може и со лажица, само треба да внимавате да не останат грутчиња)
Смесата ставете ја во набрашнета тава и печите на 200 степени околу 10-15 мин
Колачот исечете го на коцки и декорирајте со шеќер во прав, мед и оревчиња.
На здравје