Проја со моркови
Состојки
- 2 јајца
- една и пол чаша пченкарно брашно
- половина чаша обично бело брашно
- една и пол чаша јогурт
- една чаша обарен спанаќ
- половина чаша рендани моркови
- една лажица прашок за пециво
- едно кафено лажиче сол
- 100 гр мешан микс од семиња
Подготовка
Една чаша која ја користам во мерките за оваа проја е од оние помалите шолји за чај односно 200 мл.
Ги матиме со миксер јајцата и потоа постепено ги додаваме сите други состојки, односно брашната двата вида, јогуртот, пецивото, солта и откако ќе добиеме хомогена смеса ги додаваме спанаќот и морковите, и со лажица мешаме.
Ја ставаме добиената смеса во набрашнета тава, ја посипуваме со миксот од семиња и печеме во загреана рерна 200 степени околу 25 минути.
Превкусна проја која одлично оди со чаша јогурт, или сирење и е совршен оброк за појадок.