Куглоф со лимон
Состојки
- 225гр. маргарин
- 350гр. кристлен шеќер
- 4 јајца
- 2-3 лимони
- 1 пакетче ванилин шеќер или една лажичка ванила арома
- Суви состојки
- 350гр. брашно
- 3 лажици нишесте
- 1 пакетче пециво
- 3/4 кафена лажичка сол
- Водени состојки
- 1/2 шоља млеко (на собна темепратура)
- 1/4 шоља јогурт или кисело млеко
- 1/4 шоља сок од лимон
- За прелив
- 200гр. шеќер во прав
- 2-3 лажици лимонов сок
- 1/2 лажичка нарендана кора од лимон
Подготовка
Еве еден рецепт и од мене за навистина брз и едноставен куглоф.
1. Калапот за куглоф намастете го (доколку е леплив) и рерната загрејте ја на 180 степени.
2. Во сад за матење насечкајте го маргаринот на коцкички и матете додека не стане пенест, па додадете го шеќерот и јајцата едно по едно. На крај изрендајте ја кората од лимоните и додадете ја и таа во сместата (оставете малку и за преливот)
3. Во два различни сада комбинирајте ги сувите и течните состојки и со постојано миксирање додавајте напоредно малку по малку и од едните и од другите.
4. Печете на 180 степени околу 50 минути, односно додека чепкалката не излезе сува.
5. Извадете го колачот од рерната и оставете малку да се олади во калапот, околу 15тина минути и за тоа време направете го преливот со тоа што ќе ги измешате сите состојки заедно, да добиете густ течен прелив, па одстранете од калапот и налијте додека колачот е топол. Оставете да се олади до собна темепратура и послужете.
Добар апетит.
* шољата е од 250мл..... американците се' мерат со шољи, па водејки се од интернет страниците изведов некои од мерките во нашиот метрички систем.
* за мое чудо колачот е свеж и по неколку дена оставен на суво и ладно место