Печен компир со сланина, домати и лути пиперчиња
Состојки
- 3 поголеми компири
- 200 гр сланина
- 2 домати
- 2 лути пиперчиња
- масло по потреба
- 2 лажици оригано
- сол по потреба
- 1 лажица буковец
- 200 мл вода
Подготовка
Подготовка
Компирите излупете и измијте ги. Исецкајте ги и ставете ги во поголема тава.
Сланината, доматите и пиперчињата исецкајте ги и додадете ги во тавата со компирите. Ставете масло, оригано, сол, буковец и на крај додадете ја водата и промешајте.
Печите на 200 степени околу 30 мин
Добар апетит
Забелешка
Може да додадете ситно сецкано лукче, превкусно е.