Испечати

Чоколадна торта со малини

 Чоколадна торта со малини

Состојки

  • Пандишпан
  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 3 жолчки
  • 3 пудинзи од ванила
  • 150 г рендано чоколадо
  • по 1 пакетче прашок за пециво и ванилин шеќер
  • Фил
  • 850 мл слатка павлака
  • 200 г путер или маргарин
  • 400 г чоколадо за готвење
  • 100 г бело чоколадо
  • 300 г ноисет чоколадо
  • 300 г замрзнати малини

Подготовка

Ми тргна периодов со тортите, особено со чоколадните. Оваа е превкусна и излегуваат доста парчиња.

Се матат белките со шеќерот, па се додаваат жолчките.
На страна се мешаат прашаците за пудинг, чоколадото, пецивото и ванилата и се додаваат кон изматените белки. Оваа мешавина се печи во обложен плех 20тина минути на 180 степени. Се лади и се дели на 3 ленти.

Смесата за фил се растопува на умерена температура без да вари, убаво се изедначува и се лади во фрижидер убаво да се стегни.

Се реди тесто, 1/3 фил, половина малини, пак тесто, фил и остатокот од малините, се става и третиот пандишпан и се обложува цела торта со филот.