Павлинина погача
Состојки
- 4 јајца
- 1 филџан масло
- 3 филџана млеко
- 6 филџана брашно
- 1 мала лажичка сол
- 1 квасец
Подготовка
Две јајца се матат како за торта.
Се додава сол, па млекото и зејтинот, стасаниот квасец и на крај брашното.
Се меша со дрвена лажица.
Се става во подмачкан плех бр 28.
Одозгора се ренда сирење, па се остава да стаса.
Кога ќе стаса се матат преостанатите 2 јајца и се прелива одозгора и се наросува сусам.
Се пече на 180 степени. 30-40мин во зависност од рерната.
1 филџан = 150мл