Сочна торта со афион и ореви (посно)

Состојки
- За пандишпан
 - 2 и 1/2 чаши брашно
 - 1 и 1/2 чаша шеќер
 - 1/2 чаша масло
 - 100 гр мелени ореви
 - 3 супени лажици кокос
 - 1 пециво
 - 2 и 1/2 чаши кисела вода
 - За фил
 - 300 мл вода
 - 1 и 1/5 чаша шеќер
 - 1 чаша мелен афион
 - 3 супени лажици гриз
 - 50 гр сецкани ореви
 - За потопување на пандишпанот
 - 100 мл вода
 - 50 гр шеќер
 - 2 супени лажици сок од лимон
 
Подготовка
Едноставна, сочна и многу вкусна.
Подготовка на пандишпанот.
 Промешајте ги наведените суви состојки во длабок сад. Додајте ги киселата вода и маслото и убаво изматете со миксер. Смесата ставете ја во тава обложена со хартија и печите на 200 степени околу 15 минути.
 - Кога пандишпанот ќе се олади, пресечете го на половина
Фил
 Ставете ги водата и шеќерот да зовријат. Додадете го гризот и постојано мешајте со лажица додека да се згусни. Додадете ги и афионот и оревите сецкани и промешајте.
Првата половина од пандишпанот потопете ја со шербетот. Ставете го филот врз пандишпанот. Одозгора ставете го другиот дел од пандишпанот и исто потопете го со шербетот. Одозгора декорирајте по желба.
На здравје!