Солена торта со моркови и тиквичка
Состојки
- 5 јајца
- 200 мл јогурт
- 150мл масло
- 350 гр брашно
- 1 кафена лажичка сол
- 1 кесичка прашак за пециво
- 150 гр сирење
- 300 гр рендани моркови, и тиквичка
- 4-5 лажици сусам
Подготовка
Убава солена торта која е убава комбинација за појадок со чаша јогурт.
Најпрво ги матиме јајцата па постепено ги додаваме и другите состојки, јогуртот, маслото, брашното, солта пецивото и продолжуваме да матиме со миксер. Откако ќе добиеме убава смеса ги додаваме ренданите моркови и тиквички, доволно е некаде една шолја за чај.
Продолжуваме со лажица да мешаме. Ја ставаме смесата во набрашнета тепсија, наросуваме со сусам од горе и печеме во загреана рерна, околу 25-30 минути, зависно од тоа како ви пече рерната, додека не добие убава боја.