Чоколешник бомбици

Состојки
- 100 гр маргарин
 - 100 гр чоколадо
 - 200 гр бисквити петит Винчини
 - 70 гр лешници
 - 1 лажица сок од лимон, вода или млеко
 - 50 гр бело чоколадо
 
Подготовка
Лешниците потпечете ги и грубо измелете ги. Измелете ги и бисквитите.
 Стопете го маргаринот со чоколадото и додајте ги мелените бисквити и лешници.
 Додајте 1 лажица течност да се регулира густината.
 Превете бомбици кои потоа ќе ги полеете со стопено бело чоколадо одозгора.