Испечати

Полнети Грчки гиро тортиљи

Полнети Грчки гиро тортиљи

Состојки

  • тесто
  • 320гр брашно
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче рамно шеќер
  • 160мл топло млеко
  • 80мл вода
  • 15гр свеж квасец
  • 1 лажиче суво оригано
  • полење
  • 8-10 тенки кругови црвен домат
  • 125гр моцарела
  • 1 лута пиперка
  • 7-8 сецкани маслинки каламата
  • 2-3 брикети замрнат спанаќ
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Рецептов за оргинал Грчки тортиљи е на Шеф Акис Петретзикис, така вели Ружица
Значи ги обожаваме...
Често ги подготвувам самостојно, како прилог кон скара, но еве денес ги полнев..па да го споделам рецептов со вас.
Да напоменат дека тестото е малку лепливо, значи се замесуваат понамеко и со самото тоа ќе бидам многу кревки и воздушести.

Во вангличка ги ставаме шеќерот, солта, маслото, квасецот, млекото и водата.
Промешуваме да се соединат.
Значи не чекаме да се активира квасецот.
Со помош на вилушка мешаме додавајќи брашно.
Ќе добиеме тесто замесено понамеко.
Капнуваме две три капки маслиново масло и го покриваме со прозирна фолија тестото и го оставаме да одстои 2 часа.
За тоа време ќе се наполни целото со меури.
Кога ги подготвувам за скара, го делам тестото на 6 топчиња
А вака кога ги полнам, го делам на 4 топчиња.
Сега секое топче со многу малку посип го расукуваме во мало кориче.
Коричињата ги редиме на чисто чаршафче.
Зедов прва кора и врз неа го нанесов мастрафот, сецкани домати, сецкана моцарела, сецкани маслинки, сецкан, исцеден, замрзнат спанаќ и лута пиперка.
Поклопив со другата кора и краевите благо ги притиснав.
Веќе на рингла имам загреана тава на умерен оган.
Ставам 2-3 капки маслиново масло
Ја ставам првата полнета пита да се пржи, одприлика по 2 минути од едната страна, па ја превртувам и ја пржам и од другата страна.
На ист начин ја подготвив и втората полнета гиро пита.
Сервираме топло.