Појадок со чиа семки и јогурт
Состојки
- 120-150мл јогурт
- 1 лажиче мед
- 1 лажица чиа семки
- 3 лажици замрзната аронија
- 3 лажици јогурт
- 2 киви
- 1 банана
Подготовка
Здрав и вкусен појадок е мојот денешен предлог
Прво во чаша го ставаме јогуртот и чиа семките и оставаме да набабрат, околу 1 час.
Го додаваме и медот.
Аронијата со 3 лажици јогурт ја ставаме во нутрибулет и ја соединуваме
Јогуртот со чиа семките го распоредуваме во две мали чаши на дното.
Внимателно го нанесуваме слојот со аронија
Декорираме по крајот на чашата со парченца киви.
Сега во чист сад на нутрибулет ги соединуваме кивите и бананата
Ова го нанесуваме врз слојот со аронија
Декорираме по желба и послужуваме