Грицки со црвен пипер
Состојки
- 300 мл вода
- 200 мл масло
- 1 кафена лажица сол
- 1 супена лажица црвен пипер
- 100 гр сусам
- 1/3 квасец
- брашно 400гр или по потреба
Подготовка
Овие грицки ме потсетуваат на детството. Многу се вкусни, крцкави...
Подготовка
Од сите наведени состојки замесете тесто.
Формирајте топчиња или некоја друга форма по желба.
Наредете ги во набрашнета тава и посолете ги и одозгора, така се многу повкусни.
Печите на 200 степени околу 15 минути.
Добар апетит