Испечати

Брз и едноставен мачмалоу

Брз и едноставен мачмалоу

Состојки

  • пандишпан
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1-2 лажици какао
  • 4 жолчки
  • бел фил
  • 4 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • чоколадна глазура
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 2-3 лажици масло

Подготовка

Мерката една чаша= 200 мл односно јас обично мерам со шолја за чај.

Најпрво во еден сад ги ставаме 4те жолчки и шеќерот па матиме со миксер. Kога ќе добиеме убава смеса ги додаваме постепено брашното, млекото, прашокот за пециво и какаото. Откако ќе добиеме хомогена смеса ја ставаме во набрашнета тепсија, Јас користев бр30.
Печеме во загреара рерна околу 25-30 минути, зависно од рерната. Може да проверите на оној стар начин со чепкалка за заби дали е готова. Додека се пече тортата го правиме белиот фил, односно белките ванилиниот шеќер и обичниот шеќер ги матиме додека не добиеме убава густа смеса - шлаг. Ја вадиме готовата торта го ставаме филот од белки одгоре и ја враќаме тортата уште 2-3 минути во рерната.
Ја вадиме тортата и од горе ја полеваме со растопеното чоколадо.