Испечати

Торта со мармалад и лешници (посно)

Торта со мармалад и лешници (посно)

Состојки

  • 200 гр шеќер
  • 200мл ладна вода
  • 250 гр брашно
  • 4 лажици мармалад за во панишпанот
  • 1 ќесичка цимет
  • 1 ќесичка сода бикарбона
  • 3 лажици какао
  • 200 гр лешници
  • 5-6 лажици мармалад за премачкување на тортата

Подготовка

Многу лесна, брза и секако превкусна торта.
Најпрво во сад ги додаваме брашното, водата, мармаладот, циметот, содата, какаото и шеќерот и мешаме со лажица додека не добиеме убава хомогена смеса. Додаваме околу 100 на грама мелени лешници, другите ни се потребни за откако ќе биде готова тортата. Откако ќе ја направиме смесата ја ставаме во претходно набрашнета тепсија и така ја оставаме да отстои околу 20на минути, треба да се направат малечки како балончиња на површината. Ја печеме во загреана рерна околу 30на минути.
Штом се испече ја оставаме да се излади, потоа ја премачкуваме со мармалад и од горе наросуваме сецкани лешници.